Во Австралија се отвори супермаркет за „спасена“ храна

- Advertisement -

Врз основа на моделот „земете го тоа што ви треба, дајте ако можете“ во Кесингтон, Австралија, се отвори супермаркет за „спасена“ храна. , пренесе www.instore.mk

Во него гордо се наредени зрели домати што инаку би завршиле на депонија, постари моркови, банани…Оваа пробна продавница за храна функционира надвор од досега познатите модели за продажба и има две цели: да се справи со отпадот од храна и да се бори против гладот. Сè е бесплатно за оние кои не можат да си дозволат да платат за тоа.

Продавницата складира широк спектар на производи: овошје и зеленчук, леб, конзервирана храна, замрзнати оброци, пијалоци… Полиците изгледаат различно секоја недела, во зависност од тоа кој вид храна е „спасен“. Маркетот ги охрабрува потрошувачите да донираат и производи што ги имаат дома,а не им се потребни.

- Advertisement -

Секој пат кога ќе заштедиме добра храна, помагаме на планетата. Секој пат кога ќе ја земеме таа храна и ќе нахраниме гладни луѓе, се справуваме со социјалните проблеми, соопштија од супермаркетот.

Според плановите, вакви маркети ќе се отворат во Сиднеј и во други градови во Австралија.

Сподели!
- Advertisement -