16-годишната Швеѓанка која се против климатските промени тргна на пат од Велика Британија до Њујорк со еколошка едрилица

- Advertisement -

Грета Тунберг, младата шведска активистка за борба против климатските промени, тргна на пат од Плимут, Велика Британија до Њујорк, САД со едрилица која не испушта јаглерод диоксид. Ќе и бидат потребни околу две недели за да стигне до Њујорк, каде што ќе учествува на самитот на Обединетите нации за климата.

Швеѓанката има 16 години, а ги поттикна младите на протести поради климатските промени во училишта ширум светот. Таа одби да патува со авион поради емисијата на штетни гасови. Синот на прицнезата Каролина, Пјер Казиражи, ги даде број на активистката, која ќе помине 3.000 наутички милји или околу 5.500 километри до Њујорк.

- Advertisement -

Едрилицата е долга 18 метри, има соларни панели и подводни турбини за производство на струја. Грета патува со капетанот Борис Херман, кој вети бавна пловидба. Активистката сака да учествува на самитот на Обединетите нации за климата на 13 септември, а пред тоа пла нира состаноци во Канада, Мексико и Чиле, каде што во декември е вториот состанок на ОН за климата.

„Уште не знам како ќе се вратам“ вели таа. Заедно со неа патува нејвиниот татко и еден уредник кој снима документарен филм за тинејџерката.

Сподели!
- Advertisement -