Пронајдокот наречен „метаматеријал“ им овозможува на радио брановите да се преливаат низ облеката помеѓу уредите кои ги носи човекот, наместо да зрачат во сите насоки.

- Advertisement -

Ова значи дека сензорите и преносливите уреди како „ејпл“ часовниците и безжичните слушалки „ерпод“ можат да воспостават посилна и побрза врска, како и да заштедат енергија, велат научниците од Националниот универзитет во Сингапур.

Асистент-професорот Џон , кој го нагледуваше 10-члениот тим што ја развиваше оваа технологија, вели дека таа може да се користи за мерење на виталните знаци на спортисти или пациенти.

- Advertisement -

Исто така, може да ги „задржи“ сигналите посигурни, со пренесување на чувствителни информации близу до телото и подалеку од потенцијални прислушувачи на радио брановите, велат научниците.

Тимот од Сингапур доби привремен патент за материјалот, кој може да се пере, суши и пегла како нормална облека и чини само неколку долари од метар.

- Advertisement -