Трудниците во иднина ќе се породуваат со очила за виртуелна реалност наместо со епидурална анестезија?

- Advertisement -

Можеби овој уред нема да одговара секому, можеби нема да се користи во сите фази на породувањето, но верувам дека е добра алтернатива, вели Лели

 

Универзитетската боница Велс во Кардиф спроведува истражување дали наочариет за виртуелна реалност може да им помогнат на родилките во контролирање на породилните болки. Ако се покажат како успешни, во Велс би можел да заживее целосно нов пристап во породувањето. Главната сестра во Одделот за породување Сузан Хардакр вели дека новата технологија нуди алтернатива за ублажување на болките за време на породувањето, пренесе BCC.

- Advertisement -

Oва веќе го тестирање трудницата Хана Лели. „Станува збор за уред кој овозможува да видам шт има околу мене, каде и да се свртам и тоа ми помогна да се опуштам“.

Одборот за здравје наскоро ќе почне организирани и системски да прибира повратни информации од жени кои веќе се породиле и го испробале уредот.

- Advertisement -

“Ова е шанса да направиме нешто поинакво, иновативно и нешто што не се користи никаде на друго место. Мислам дека уредот е мног добар за самиот почеток на породилните болки затоа што ќе им помогне на родилките да се концентрираат на дишењето и на опуштањето“, изјави Хардакр.

Хана Лели, пак, вели дека овој уред “отвора нов свет за жените кои допрва треба да родат“. Можеби овој уред нема да одговара секому, можеби нема да се користи во сите фази на породувањето, но верувам дека е добра алтернатива, вели таа.

- Advertisement -

Програмерите на Rescapea, компанијата која го изработи уредот, велат дека со своите уреди преминуваат од забавна кон терапевтска сфера. Ова особено се однесува ма трудниците кои во текот на претходните породувања имале непријатно искуство.

Сподели!
- Advertisement -