Овој јапонски град не создава речиси воопшто отпад

- Advertisement -

Овој јапонски град не создава речиси воопшто отпад. Во градот Камикацу се што може да се рециклира или да се реупотреби не се фрла. Нивниот традиционален систем за менаџирање со отпадот се состоел од фрлање на отпадот во депонија или спалување, но тоа не можеле да го прават со машините и електронските уреди од секојдневниот живот.

Затоа. пред 20 години градот усвоил нова стратегија со цел до 2020 година градот воопшто да не создава отпад. Сега сите жители на градот го носат својот отпад до центарот за собирање отпад и потоа го делат во 45 различни категории. Благодарение на тоа градот успева да поврати 80% од своите ресурси.

- Advertisement -

Категориите на кои се дели отпадот не се само вообичаените категории кои ги има кај нас. Има и огромна бројка поткатегории. На пример, металите се делат на алуминиум и челик, хартијата се дели на весници, картони или амбалажа итн. На почетокот луѓето биле скептични бидејќи сметале дека сето тоа класифицирање ќе одзема многу време, но набрзо ги виделе неочекуваните бенефити од стратегијата. 

Оваа стратегија за делење на отпадто ги поттикнала локалните бизниси да се трудат да не создаваат мнгоу отпад. Сега имаат шема за акредитациај за нула отпад, што прераснува во нивен бренд. Освен тоа, постојано имаат многу посетители, многу повеќе од бројот на локални жители – 1.500, кои сакаат да научат за нивните програми за нула отпад. За возврат, тоа им помогнало на локалните бизниси да работат подобро затоа што тие луѓе преспиваат во локалните хотели, јадат во локалните ресторани и од прва рака ги гледаат ефектите на стратегијата.

- Advertisement -

Многу од локалните жители поминуваат многу време во продавници за производи од втора рака, каде што постарите жители прават нови производи од материјалите кои биле фрлени. Сега се рециклира 81% од отпадот што го создава градот. Жителите на Камикацу сакаат светските лидери да учат од нивниот пример.

Реупотребата и рециклирањето на произвидите кои ги користиме секојдневно е суштински елемент од намалувањето на отпадот и спацувањето на нашата планета.

- Advertisement -

This Japanese town produces almost zero waste

Residents sort their waste into 45 different categories. 📕 Read more: https://wef.ch/2Wn5iIp

Posted by Video – World Economic Forum on Петок, 16 август 2019

Сподели!
- Advertisement -