Британскиот синџир пабови и пивници Greene King продаден на богаташ од Хонг Конг

- Advertisement -

Британскиот синџир пабови и пивници Greene King прифати понуда од Хонгкошкиот конгломерат да го преземе според договор вреден 4,6 милијарди фунти.

 

- Advertisement -

CK Asset Holdings, основана од најбогатиот човек во Хонг Конг, Ли Ка Шинг, ќе плати 2,7 милијарди за 220 годишната компанија и ќе ги преземе нејзините долгови од 1,9 милијарди фунти.

Хонгкошкиот конгломерат тврди дека нема намера да ги отпушта работниците на Greene King, во кој работат околу 38.000 луѓе.

- Advertisement -

Greene King, со седиште во Бари Сент Едмундс во Сафолк, е основан во 1799 година а денес има скоро 3.000 пабови, ресторани и хотели, како и брендови меѓу кои Chef & Brewer и Hungry Horse.

Извршниот директор на Greene King, Ник Мекензи, вели дека CK Asset Holdings е искусен инвеститор во Велика Британија и неговата деловна филозофија има многу сличности со филозофијата на Greene King.

- Advertisement -

Меѓу бизнисот со кој се занимава CK Asset Holdings е недвижнини, енергија и изнајмување авиони.

Сподели!
- Advertisement -