Ако постои една личност која ја разбира важноста за подучување на децата за финансиска одговорност тогаш тоа е Ворен Бафет.
Пред да стане извршен директор на Беркшир Хатавеј, легендарниот инвеститор стартуваше повеќе мали фирми, почнувајќи од шест години кога купил шест лименки за 25 центи и ја продавал секоја од лименките за 25 центи, пишува CNBC Make It.
„Мојот татко беше моја најголема инспирација“, рече Бафет во интервју во 2013 година. „Она што го научив од него во раното детство е секојдневно да имам добри навики. Штедењето беше една од добрите навики на која ме научи“.
Запрашан која е најголемата грешка која ја прават родителите во подучување на децата за пари, тој вели: „Понекогаш родителите чекаат децата да станат тунејџери пред да почнат да разговараат и да ги подучуваат за пари. А тоа треба да го направат уште додека децата се во предучилишна возраст“.
„Повеќето родители знаат колку е важно да ги научат своите деца за пари и како со нив да управуваат, но мора да знаат дека има голема разлика меѓу познавање и акција“, вели Бафет.
Според истражувањето на T. Rowe Pricea во 2018 година кое собра одговори од 1.014 родители (на деца на возраст од 8 до 14 години) и повеќе од 1.000 млади (од 18 до 24 години), само 4% од родителите рекле дека започнале да разговараат со своите деца за пари пред тие да наполнат 5 години. 30% од родителите почнале да ги едуцираат своите деца за пари на возраст од 15 години и повеќе, а 14% одговориле дека тоа воопшто не го направиле.
Лекциите од Бафет
Во 2011 година Бафет помогнал да се стартува детски анимиран серијал под назив “Тајниот клуб на милионерите“ во кој тој бил ментор на група ученици. Емисијата во 26 епизоди се занимава со различни финансиски лекции, како работа со кредитни картички или зошто е важно да се следи каде ги вложувате парите.
Тие лекции се:
- Како бидете флексибилен мислител, да се поттикнат децата на креативно размислување.
- Како да започнете да штедите пари? За да им помогнете на децата полесно да управуваат со своите пари, важно е да ја сфатат разликата меѓу желбите и потребите!
- Како да се разликува цена од вредност? Сите сме виновни затоа што сме платиле многу пари за модерни чевли, а сме можеле да добиеме сличен предмет, со добар квалитет, за многу пониска цена. Така децата нема да потпаѓаат под влијаие на огласувачите!
- Како да носите добри одлуки? Идејата е да се поттикнат децата да размислуваат како сегашните избори влијаат на идните резултати!
- Никогаш не е прерано! Поттикнувањето на здрави финансиски навики е една од најважните работи на која може да ги наулите децата за да ја обезбедите нивната успешна иднина.
“Никогаш не е прерабо“, рече Бафет за Yahoo Finance во 2013 година. “Дали ги учите децата за вредноста на доларот, разликата меѓу потребите и желбите или вредноста на штедењето- се се тоа концепти со кои децата се среќаваат во многу рана возраст и затоа е добро вие да им помогнете добро да ги разберат“.