Речете му збогум на потењето – научници направија ткаенина која се прилагодува на температурата на телото

- Advertisement -

Истражувачи од Универзитетот Мериленд во Америка предводени од Ју Хуанг Ванг и Ојуанг Мин осмислија саморегулирачка ткаенина осетллива на инфрацрвено зрачење која реагира на температурата и влагата. Ткаенината е направена од мешавина од два вида влакна кои се синтетички и дејствуваат заедно за да овозможат испуштање или задржување на топлината во зависност од тоа дали ни е топло или ладно во моментот.

Научниците тврдат дека ова е првиот текстил кој автоматски ја менува структурата како реакција на надворешните услови, односно ослободува повече топлина со покачување на температурата и влажноста на воздухот. Нашите тела апсорбираат и губат топлина примарно преки инфрацрвена радијација. Вообичаено на зима за да ја зачуваме топлината се облекуваме со повеќе слоја облека, а на лето кога е потопли и повлажно се облекуваме во нешто полесно. И покрај напредокот во индустријата за материјали кои овозможуваат дишење на кожата, развојот на динамичен материјал кој ќе испушта енергија кога ни е топло и ќе ја задржува кога ни е ладно беше голем предизвик се досег.

- Advertisement -

Полимерните влакна на новата ткаенина се прекриени со тенок слој карбонски наночестички. Кога телото ќе се испоти, слоевите со карбон се собираат, влакната се стеснуваат и се создаваат празнини во ткаенината. На тој начин оваа ткаенина ни овозможува дишење на кожата. А ако ни е ладно, влакната се шират за да се задржи топлината.

„Сега можете да имате облека од еден слој која ќе ви овозможи удобност независно од вашите активности“ вели Ванг. Овој изум би можел , пред се, да им помогне на дизајнерите на спортска облека да дизајнираат подобра облека за спортистите. Ванг планира да продолжи со развојот на овој прилагодлив текстил. Тој се надева дека годинава ќе тестира облека направена од тој материјал и евентуално ќе го зголеми производството.

Сподели!
- Advertisement -