Амазонија гори поради неконтролирана сеча! Чадот се гледа од Вселената!

- Advertisement -

Бразилската вселенска агенција извести дека бројот на пожари кои ја зафатија Амазонската прашума, како последица од сечењето на шумите, во однос на минатата година е пораснат за 83 проценти

Институтот ги собра податоците со помош на сателити, а ги објави по една недела откако претседателот на Бразил го отпушти шефот на оваа институција поради објавувањето податоци за сеча на шумите, пишува BBC.

Густ чад од пожарот се надви над Сао Паоло во понеделникот, кога среде бел ден завладеа целосна темнина. Тоа се случи бидејќи силниот ветер го донесе чадот од местата оддалечени повеќе од 2.700 километри од Сао Паоло.

Shark NewsWires@SharkNewsWires

News Alert : Brazil – São Paulo descended into darkness yesterday during the afternoon after strong winds brought in smoke from forest fires burning in the states of Amazonas and Rondonia.

Embedded video

- Advertisement -
340 people are talking about this

Амазонската прашума, најголема во светот, е клучна во борбата против глобалното затоплување. Активистите за зачувување на средината го обвинуваат претседателот Жаир Болсонаро, тврдејќи дека ги поттикнувал дрвосечачите да ја пустошат шумата.

За помалку од една недела забележани се повеќе од 9.500 пожари. Според податоците на Националниот институт за вселенски истражувања годинава во бразилскиот дел на Амазонската прашума избиле повеќе од 72.000 пожари.

Пожарите се видливи дури и од вселената.

Gem Winter Bear?????@yoons_1221

This is happening in Brazil,The Amazonas has been on fire for 16 DAYS !animals are dying, landscapes are been destroyed, The RAINFOREST THAT GIVES 50% of oxygen it’s in Danger AND NO MEDIAS HAS TALK ABOUT IT!!
@AlJazeera @BBCWorld @cnni @ABC @UnivisionNews

View image on TwitterView image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter
50 people are talking about this

Amanda Russo@Amanda_Russo12

Parts of the are on fire.
The world’s largest tropical forest has been burning for 3 weeks now.
The blazes have grown so intense that they blacked out the sky above , .
The state of Amazonas has declared an emergency. @NASA captured images.

View image on TwitterView image on Twitter
15 people are talking about this
Сподели!
- Advertisement -