- Advertisement -
Стотици активисти за заштита на животната средуина протестираа денеска на улиците на Лондон и на Париз , поради огромните пожари во Амазон и неакивноста на бразилскиот претседател Болсонаро
Протестите се одржаа пред амбасадата на Бразил во Британија и во Франција и од Болсонаро се бара итно преземање мерки за гаснење на огромните пожари што ја голтаат амазонската прашума.
Вчера францускиот претседател Емануел Макрон и Генералниот секретар на Обединетите нации , Антониот Гутереш , изразија загриженост поради пожарите што ја голтаат амазонската прашума.
- Advertisement -
За бразилскиот претседател Жаир Болсонаро таквите изјави биле мешање во внатрешната политика на Бразил. Тој денеска рече дека се подготвува за да ја вклучи армијата во гаснењето на илјадниците пожари , што ги зафатија огромните шумски предели во Амазонија , а пожарите се видливи и од вселената.
- Advertisement -