Претставете го својот стартап пред 70.000 луѓе

- Advertisement -

 

Ако случајно Ве мачи предизвик да најдете инвеститор, на Web Summit бројките се на Ваша страна!

- Advertisement -

Младите компании поминуваат низ различни фази, од разработка на идеи и концепти, до истражувања, деловни планови…

Секоја од тие фази претставува проект сам за себе, а треба да се сочува енергија и за наоѓање на партнер кој би ја препознал таа идеја и би сакал да ја поддржи.

- Advertisement -

Web Summit, кој го носи епитетот најголема технолошка конференција на светот, на стартап компаниите им нуди можност за питчирање пред илјадници учесници на конференцијата и потенцијални инвеститори и медиуми преку неколку формати и модели кои се креирани баш за привлекување на инвеститори.

Преку ALPHA програмата, наменета за стартап компаниите во рана фаза од развојот, младите компании имаат можност да присуствуваат на состаноци со инвеститори, менторски сесии, стартап работилници и сл. Со пријавувањето во  ALPHA  програмата, избраните компании ќе можат да ги претстават своите идеи пред публиката на Web Summit, во живо на сцената која минатите години ги имаше и Uber, Atlassian, Trello…

- Advertisement -

Од 70,000 луѓе на Web Summit-от, шансите да не најдете инвеститор кој одговара за Вашиот стартап…се навистина минимални.

Повеќе информации за Web Summit можете да пронајдете на ОВОЈ ЛИНК.

Сподели!
- Advertisement -