- Advertisement -
Кинеската банка (Bank of China) до крајот на годинава ќе отвори филијала во Грција, изјави шефот на таа банка за европски операции Жоу Лихонг, во средата во Атина, за време на средбата со министерот за надворешни работи Никос Дендијас и заменик министерот за надворешни работи за економска дипломатија Костас Фрагогианис.
Банката на Кина е четврта најголема банка во светот по средства која стои зад три други кинески банки, со речиси три трилиони долари.
- Advertisement -
Грција ќе биде седмата земја во која банката ќе отвори филијала, по Луксембург – нејзиното европско седиште, Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Унгарија.
(www.denar.mk)
- Advertisement -