Србија ќе ги исфрли од упoтреба класичните сијалици од 2020 година

- Advertisement -

Сијалиците на кои во внатрешноста се гледа зажарената жица од волфрам трошат пет пати повеќе енергија од неонските, а 10 пати повеќе од ЛЕД сијалиците. Токму затоа Србија реши до крајот на 2020 година да ги исфрли од употреба класичните сијалици во целата држава.

Оваа одлука значително ќе влијае на енергетската ефикасност на земјата. Од  владата истакнуваат дека новите правила треба да забранат користење на некои од енергетски неефикасните производи и дека се фокусирани на намалување на нивниот увоз. Најавија и формирање на државен Фонд за енергетска ефикасност до крајот на оваа година, кој е еден од условите за Србија да добие дополнителни средства од Европската унија.

- Advertisement -

Планирано е во Фондот да се најдат околу 30 милиони евра, а моментално се на сумата од околу 10 милиони евра, велат од владата. Тие средства ќе бидат насочени за граѓаните, за разлика од досегашните буџетски средства од околу 1,5 милиони евра кои беа насочени кон локалните самоуправи и нивните проекти за санација на осветлувањето во училишта, болници и детски градинки.

Сподели!
- Advertisement -