6.8 C
Skopje
сабота, април 25, 2026


Три работи кои може да ги научиме од најгледаниот TED говор на сите времиња!

- Advertisement -

Сeр Кен Робинсон во 2006 година направи големо влијание во светот на TED говори и во светот на образованието! Неговиот брилиjантен говор го гледале повеќе од 56 милиони луѓе кој освен што е забавен дава и извонредни совети како правилно да ги едуцираме децата.

Неговиот стил, однесување, шеги и истакнување на клучните поенти треба на сите да им служат како одличен пример. Еве што може да научиме од еден од најгледаните TED говори на сите времиња.

  1. Немојте да бидете премногу сериозни
    Нема сомнеж дека говорото на Робинсон е гледан најмногу затоа што е забавен. Она што е добро во неговите говори се и клучните точки на говорото, кои на почеток изгледаат како фусноти кои тои ги претвора во приказна.
  2. Дајте пример пред да почнете да почнете да ги објаснувате вашите ставови
    Робинсон смета дека најдобрите говорници воедно се и врвни писатели. Наместо да зборуваат за концепти, тие започнуваат со интересени приказни. Додека гледате видео, обрнете внимание на тоа колку пати раскажал приказна и колку време му било потребно да ја пренесе главната идеја.
  3. Оставете ги луѓето „без текст“
    Почнувајќи од приказните и шегите, а потоа доаѓајќи до клучните идеи кои сака да ги пренесе, Робинсон остварува две цели.
    Прво, ја стекнува довербата и интересот на публиката и го задржува вниманието до крај.
    Второ, гради однос со својата публика. Многу е важно публиката да разбере кои сте, што сто сакате да кажете и имате ли право тоа да го кажете. Робинсон прво докажува дека поседува вештини на добар говорник и добра комуникација, а потоа и комуницира. Кај него тоа едноставно успева.

(Poslovni Puls)

- Advertisement -