4 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

Моника Розалска: Tech4Muni хакатонот ќе ја промовира Македонија во регионална лулка за smart city решенија!

Kabtel desktop

Моника Розалска e главен извршен директор на Creators, иновациска лабораторија со седиште во Тел Авив, која поддржува организации во развојот и подобрувањето на иновациските практики преку низа работилници и иновациски програми, креирани и прилагодени на индивидуалните потреби од страна на успешни експерти од стартап нацијата Израел. Oваа организација е партнер на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Република Северна Македонија која го организира Тech4Muni MK иновацискиот хакатон на кој талентирани македонски компании и претприемачи развиваат решенија за предизвиците со кои што се соочуваат градовите.

Настанот ќе се одржи на 11 и 12 септември во Скопје, а клучните проблеми за кои македонските иновативни компаниии бараат решенија се: кучиња-скитници, развој на локален туризам, недостапност на општинските услуги, споделување на простор и поддршка за стари лица. Најдобрите решенија ќе добијат средства за имплементација.

Ова е поводот за интервју со Моника Розалска!

Разговараше- Верица Јорданова

Може ли да ни кажете нешто повеќе за вас и концептот на Creators? Како се роди идејата за Tech4Muni?

Ние во CREATORS ги поддржуваме сите типови организации – јавниот сектор, општините, корпорациите, невлaдините организации, академскиот сектор – да станат поиновaтивни и да користат технологии и решенија од стартапи за да ги совладаат предизвиците. Идејата ја добивме пред пет години кога сфативме дека различни организации немаат доволно организациски капацитет да соработуваат со иновацискиот екосистем. Од друга страна, на стартапите им е потребна соработка за да растат. Со спојување на потребите и силните страни на двата сектори ние создаваме вин-вин ситуација за сите.

Сите со нетрпение го очекуваме првиот Tech4Muni хакатон во Скопје. Може да ни кажете кога и каде ќе се одржи и колку апликации примивте досега?

Tech4Muni не е типичен хакатон, туку иновациски спринт за постојните компании и стартапи. Концептот е поддршка за тимовите кои веќе имаат технологија која лесно може да се адаптира за да се реши некој постоечки предизвик или имаат капацитет брзо да креираат решение. Тие тимови ги запознаваме со претставници од три града од Македонија за да стартуваме пилот-проекти. Ако имате функционална апликација која е еден вид средишно место меѓу купувачи и продавачи и истата технологија може да се користи да се реши еден од предизвиците во програмата – апликација која ги поврзува општините со потенцијалните корисници, аплицирајте! Сакаме да им помогнеме на сите кои веќе имаат технолошки решенија да ги адаптираат на нова таргет-публика и да ги прошират потенцијалните пазарни сегменти.

Иновацискиот спринт ќе се одржи на 11 и 12 септември во Скопје. Ако сакате да аплицирате, можете да го направите тоа до 31 август на tech4muni.mk.

Tech4Muni неколку години успешно ја имплементирате вие од Creators во Израел. На што се гордеете најмногу од досега постигнатото, на кои резултати? Како оваа програма го подобри партнерството меѓу приватниот сектор и оштинските власти и кои се главните бенефити?

Има многу одлични примери како технологијата од приватниот сектор ги задоволува потребите на градовите. Еве неколку.

Еден израелски град сакаше да го зголеми времето кое туристите го поминуваат таму. Иако местото го посетуваат многу локални и интернационални туристи секоја година, од градот сфатиле дека туристите oстануваат во градот само неколку часа во денот. Тоа значи дека не придонесуваат за економскиот развој на регионот, односно трошат помалку пари и не ги посетувааат сите туристички атракции, Совршеното решение беше да ги поврземе со постојна туристичка апликација и да ја преземат нивната понуда наместо да трошат пари на изработка на своја. Резултатите беа фантастични!

Друг пример беше адаптирање на софтвер за персонализација на пораки во е-трговијата за креирање поперсонална понуда за жителите на еден град. На пример, испраќање информации за детски активности до родителите на мали деца и информации за работа на пат на луѓе кои поседуваат автомобил, а не испраќање на сите инфромации до секого.

За крај, ова е мојот омилен пример. Креирање апликација за родители на деца со посебни потреби за директна комуникација зо локалните власти, особено на теми како транспорт на децата до и од училиште, обезбедување помош, информирање за помошта која им е на располагање итн. Апликацијата им го олесни животот на луѓето што се грижат за такви деца и донесе голем бенефит за нивните семејствата.

Заедно со УНДП идентификувавте пет главни предизвици за градовите Струмица, Гостивар и Велес. Кучињата бездомници, неразвиениот туризам, пристапноста на локалните услуви, подобра употреба на јавните простории и поддршка за постарите жители. Како го направивте тоа и колку време ви беше потребно?

Целиот процес траеше околу месец и пол. Работевме заедно со тимот на УНДП и претставници од Велес, Струмица и Гостивар на идентификацијата на најитните проблеми. За да го постигнеме тоа организиравме повеќе работилници во секој град. Половина ден работевме  со вработени во оштините, а половина ден со жители на градовите. Врз основа на информациите што ги добивме, направивме листа со над 30 проблеми и од нив ги издвоивме најитните во секој град поединечно. Финалната листа со пет предизвици е резултат на понатамошни истражувања и помош од претставници на оштините.

Може ли да ни наведете барем еден успешен пример како градовите во Израел или во другите земји каде што сте работеле решиле некои свои предизвици со помош на технологија?

Има многу примери од целиот свет. Погоре ви споменав некои од нив. Сакам да додадам еден пример кој не е резултат на нашата работа, но е многу значаен. Една од најинтересните технологии на секторот Smart City, според мене, е Zen City. Тоа е израелски стартап кој користи вештачка интелигенција и big data за да им помгоне на градовите да носат одлуки, да менуваат политики и да го користат фидбекот од жителите во тоа. Мојот омилен пример е употребата на податоци за да и се помогне на американските градови да се справат со проблемот со бездомниците. На овој линк можете да најдете многу од нивните студии на случај.

Друг пример е како технологијата може да се искористи за да се подобри секојдневниот живот на луѓето е проектот кој го направивме во Бнеи Брак, еден од израелските градови со религиозно мнозинство од популацијата. Нивниот животен стил не им дозволува дома да имаат Интернет, а многумина од нив немаат ни компјутери. Затоа, со цел да им помгонеме да ја користат дигиталната платформа на градот и да плаќаат за градските услуги, ние создадовме паметни киосци низ целиот град каде што се достапни тие услуги за локалните религиозни жители. Денес граѓаните од тој град може да ги добијат сите градски услуги на многу места во градот на полесен и поефективен начин.

Кои се следните предизвици за Creators? 

Генерално, ние се надеваме да организираме уште многу Tech4Muni иницијативи ширум светот во текот на идната година. Веруваме дека ова е многу ефикасен начин за зајакнување на иновациските екосистеми, за поддршка на општините во решавањето на проблемите и за помагање на локалните стартапи во проширување на нивниот пазарен удел. Овој модел промовира економски раст, иновациски капацитети и придонесува за задржување на локалните таленти.

Во Македонија би сакале да креираме национална програма Tech4Muni по, се надеваме, успешната имплементација во Гостивар, Велес и Струмица. Подоцна мислиме дека регионалната Tech4Muni балканска програма е фантастичен начин за промовирање на Македонија како регионална лулка за GovTech и Smart City решенија. Има голем потенцијал за македонските компании на овие простори и сакаме да им помогнеме да успеат!

Моника Розалскае експерт за корпоративни иновации, стартап екосистеми, методологии за генерирање на идеи и креирање и фасилитирање иновациски програми. Пред да ги основа CREATORS, Моника работела како заменик директор за TheHive by Gvahim, стартап акцелераторска програма за интернационални тимови во Израел.

Таа студирала право, германско право и применета лингвистика во Варшава и во Бон. Има живеено во Полска, Германија и во Обединетото Кралство, а последните шест години живее во Израел.

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •