Бизнисот бара правна сигурност!

- Advertisement -

Владеењето на правото е предуслов не само за економски, туку за севкупен раст на општеството, а институциите се социјалната инфраструктура која го влече општеството напред. Тие мора да бидат ефикасни и да функционираат за да можат и останатите чинители (работна сила, капитал, технологија) да дадат резултат, укажаа бизнисмените-учесници на Тркалезната маса на тема: „Владеење на правото како императив за стабилни и предвидливи услови за водење бизнис“.

-Бизнисот има потреба од доверба, сигурност и правен континуитет. За да обезбедиме економски раст, сфативме дека мора да се занимаваме со теми како оваа денеска. Владеење на правото не е неопходно само за раст на економијата, туку и за државата воопшто, истакна претседателот на Стопанската комора на Македонија, СКМ, Бранко Азески.

- Advertisement -

Бизнис заедницата смета дека деловното опкружување во земјава се уште не е на задоволително ниво.

-Постојните проблеми (сивата економија, корупцијата, нееднаквите правила на игра, бавната администрација и уште побавните судски постапки) не се од вчера, туку се натрупани подолг период. Ако кон нив се надополнат и проблемите што се актуелни деновиве, поврзани со неефикасноста и несоодветното постапување на органите во правосудстсвото, тогаш несомнено проблемот со владеење на правото е нешто што треба да се третира особено сериозно ако сакаме да создадеме услови кои ќе овозможат непречено функционирање на државата, рече Елена Милевска Штрбевска од СКМ и додаде дека за владеење на правото потребна е стабилна политичка, правна и социјална култура.

- Advertisement -

Таа дополни дека носителите на државната власт, во обид да се справат со корупцијата и организираниот криминал, многу повеќе посветуваат внимание на апсење криминални групи и на донесување регулатива, а многу помалку на превентивно делување и спречување на овие појави.

-На бизност му требаат стабилно и предвидливо деловно опкружување, ефикасни институции и независно судство, но секако е неопходно и бизнисот да ги почитува правилата и нултата корупција. Бизнисот треба да учествува во донесувањето на законите, заедно со власта и Парламентот, за да се инкорпорираат неговите интереси и потреби, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар и уште еднаш укажа на потребата да се подигне гласот за секој да ја почитува својата улога во општеството, а политиката да се тргне од судството.

- Advertisement -

За значењето на институциите и нивната ефикасност, зборуваше потпрестедателот на Стопанската комора, Глигор Бишев. -Јака држава и силна економија се можни само со јаки и ефикасни институции кои треба да обезбедат транспарентност, доверливост, сигурност. На ова мора уште да се работи, порача Бишев.

Сподели!
- Advertisement -