- Advertisement -
Регулаторната комисија за енергетика денес ги објави новите цени на горивата кои ќе важат до идниот понеделник. Според нивната одлука, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат 66,50 денари за литар ЕУРОСУПЕР БС-95 , додека ЕУРОСУПЕР БС-98 и понатаму ќе се продава по 68,50 денари за литар.
Цената на дизелот и на екстралесното масло за домаќинство ќе се зголеми за 0,50 денари за литар и од ноќеска на полноќ ќе се продаваат по 61,00 денари за литар дизел, а еден литар екстралесно масло за домаќинство ќе чини 51,00 денари.
- Advertisement -