Штедилница Можности: Зелен кредит со 30% грант за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

- Advertisement -

Во услови на растечки трошоци за енергија и сè поизразени климатски предизвици, Штедилница Можности, во партнерство со УНДП и ИОМ, нуди иновативен зелен финансиски инструмент кој им овозможува на домаќинствата пристапно финансирање за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, со поврат на средства од 30 проценти.

Зелениот кредит е дел од програмата „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени во Северна Македонија“, која се реализира во рамки на Заедничкиот фонд за Целите за одржлив развој (SDG), во соработка со агенциите на Обединетите на нации – УНДП и ИОМ, како и други меѓународни и локални партнери. Целта на програмата е да поттикне инвестиции во одржливи енергетски решенија и да овозможи пристап до зелено финансирање за недоволно опслужените категории на населението.

- Advertisement -

Преку овој наменски потрошувачки кредит, граѓаните можат да финансираат различни зелени решенија, како што се термичка изолација, енергетски ефикасни прозорци и врати, топлински пумпи, соларни колектори и фотоволтаични системи, печки и котли на пелети, енергетски ефикасни апарати, како и електрични и хибридни возила за домаќинства со лица со попреченост.

Кредитот се одобрува со поволни услови, фиксна каматна стапка и без потреба од жиранти до одреден износ, а средствата се исплаќаат директно на добавувачите, со што се обезбедува наменско и транспарентно користење. Дополнителна придобивка е грантот од 30%, кој корисниците го добиваат по реализација и валидација на инвестицијата од независен проценител.

- Advertisement -

Зелениот кредит е наменет за вработени лица, пензионери, земјоделци и сопственици на мали бизниси, со посебен фокус на социјално и економски ранливи категории, вклучувајќи самохрани родители, жени како главни носители на приход, домаќинства со лица со попреченост, млади лица, ромски домаќинства и семејства со повеќе деца.

Со ова решение, Штедилница Можности не само што им помага на граѓаните да ги намалат трошоците за енергија, туку и директно придонесува кон подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на емисиите на штетни гасови и забрзување на зелената транзиција во земјава.

- Advertisement -

Со воведувањето на Зелениот кредит, Штедилница Можности поставува нов стандард во одржливото финансирање, комбинирајќи економска исплатливост, социјална инклузија и позитивно влијание врз животната средина.

Сподели!
- Advertisement -