Растенијата на Земјата исчезнуваат 350 пати побрзо отколку кога било во историјата

- Advertisement -

Земјата се соочува со досега невидено исчезнување на животинските и растителните видови, па еколозите оваа појава ја нарекуваат шесто масовно истребување. Во мај годинава во својот извештај Обединетите нации предупредија дека им се заканува истребување на 1 милион видови . Неодамна, пак, 571 растителен вид беа прогласени за исчезнати.

Но, исчезнувањето на растенија и на животните се случува откога постои живот на Земјата. Вистинското прашање тука е со кое темпо сега се случува тоа исчезнување? Според најновотo истражување, некои растителни видови ги снемува 350 пати побрзо отколку што е историскиот просек, а тоа има несогледливи поселдици врз уникатните видови.

- Advertisement -

Уште колку видови ќе исчезнат не е лесно прашање да се одговори. За почеток, нема точни податоци за исчезнувањата кои се случуваат сега во сите делови од светот. Понатаму, растителните видови не се распространети секаде подеднакво. На пример, Мадагаскар е дом на околу 12.000 растителни видови, од кои 80% се ендемични и ги нема никаде на друго место.

Англија, пак, е дом на само 1.859 растителни видови, од кои само 4% се ендемични. Областите како Мадагаскар, кои имаат огромен биодиверзитет, и се во сериозна опасност од уништување од човекот се викаат „жешки точки“ (hotspots). Областите како Англија каде што нема толку видови, а и тие што ги има не се ендемични се „ладни точки“.

- Advertisement -

Базирано на бројките моментално, се очекува дека многу повеќе видови ќе исчезнат од „жешките точки“ отколку од регионите како Англија. Но, тоа не значи дека реастителните видови таму не се вредни за спасување.

Сподели!
- Advertisement -