Научници пронајдоа микропластика во месо, млеко и крв од животни на фарма

- Advertisement -

Научници од Универзитетот Врије во Амстердам пронајдоа микропластика во човечка крв откако анализираа примероци од 22 здрави возрасни поединиц, а беше установено дека има пластика во 17 од нив. Сега истата таа група научници направи анализа на животински примероци.

Во крв, месо и млеко од животни на фарам научнциите пронајдоа микропластика, а тоа може да биде објаснение и како истата дошла во човечкото тело. Она што загрижува е можноста овие честички да патуваат низ телото и да се заглават во некои органи.

- Advertisement -

Истражувањето го финансирака фондацијата Plastic Soup, а во извештајот се вели дека 80% од тестираното месо и млечните производи содржле емикропластика. Анализирани биле 12 примероци на крв од крави и 12 примероци од крв од свињи, а микропластика била пронајдена во секој примерок. Исто така, биле анализирани и 25 примероци млеко од пакување купено во супермаркет, од резервоари за млеко на фарми и млеко добиено со рачно молзење. Установено било дека има микропластика во 18 од тие примероци.

Еден од многу извори на опасни честички може да биде храната за крави и свињи. Сите 12 примероци од пелети и ситна храна кои биле анализирани содржеле пластика, но во свежата храна немало контаминација.

- Advertisement -

Со години расте загриженоста поради количината пластика која може да ја содржи животинското месо кое го консумираат луѓето. Затоа научнциите предупредуваат на храната која се подготвува за животните.

Животните можат да апсорбираат барем дел од честичките на пластиката на која се изложени. Ова истражување треба да ја подигне свеста за организирање на едно помасовно истражување на сите видови изложеност на микропластика и на сите поврзани ризици.

- Advertisement -

Фондацијата поттикна петиција за спроведување на потребните мерки за да се заштитат домашните животни од пластиката, а нивните производи да бидат безбедни за консумација. Целта на фондацијата е сточната храна да не содржи микропластика.

(Klix.ba)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -