Volkswagen сака да купи удел во Teslа

- Advertisement -

Извршниот директор на Volkswagen, Херберт Дајс, е заинтересиран за купување на удел во компанијата на Илон Маск, Teslа, првенствено поради технологијата, батериите и софтверот. Еден од претседателите на групацијата VW неодамна изјави дека наскоро ќе се изедначат цените на бензинците и на електричните автомобили, што ќе биде пресвртна точка на пазарот за автомобили. Потоа сите возила на струја ќе завладеат со пазарот.

Компанијата најави и инвестиции од милијарди долари во развој на е-возила, па до 2028 година можеме да очекуваме речиси 70 електрични автомобили од VW Group. Дека германскиот гигант е сериозен во своите планови за електрична револуција доказ е интересот на компанијата за Teslа.

- Advertisement -

Имено, како што објави Reuters повикувајќи се на извори од VW, извршниот директор на Volkswagen, Дајс е заинтересиран да купи удел во компанијата на Маск. Оттаму напоменуваат како Volkswagen има доволно пари и дека би проифитирале од технологијата и експертите на Teslа на полето на батериите и софтверот. Кога би можел, Дајс уште веднаш би купил удел во Teslа, но прашање е дали ќе добие дозвола затоа што Porsche и Piechs се мнозински сопственции во компанијата. Исто така, според некои тврдења, би било невозможно да се оправда плаќањето 30 милијарди долари за преземање на цела компанија, но досега Дајс не открива за колкав удел размислува.

Сподели!
- Advertisement -