Арапи во Хрватска сакаат да градат ресорт вреден милијарда евра

- Advertisement -

Проектот Mavrijan Luxury Resorts беше претставен на средината на јули, а деновиве во Улцињ треба да дојдат заинтересираните инвеститори од Катар и од Египет. Љоро Некиќ, градоначалник на Улцињ, изјави на крајот на минатата недела дека општината набрзо ќе пронајде инвеститори за изградбата на туристичкиот комплекс на Мавријан.

Тој минатиот месец изјави дека на брдото над заливот Валданос, на површина од околу 63 хектари, е планирана изградба на пристаниште, три луксузни хотели и 105 вили, кои вкупно би имале околу 5.000 кревети. Градоначалникот додаде и дека општината бара согласност од Министерството за финансии за продажба на својот дел од земјиштето кој се проценува на околу 20 милиони евра.

- Advertisement -

Како што велат од Улцињ, овој проект е добар и за градот и за Црна Гора во целина, а кога би се реализирал, вредноста на инвестицијата би била од 600 милиони до една милијарда евра. Заинтересираните инвеститори од Катар и Египет закажале состаноци со претставници од општината. Според Александар Дабановиќ, главниот архитект, во т.н. Залив на вдовиците е планирано пристаниште со 147 влезови, широко шеталиште, хелиодром и ресторан-видиковец, како и пристап за амфибиски и хидроавиони.

Како што е познато, ресортот незабележително ќе се вклопи во околината затоа што ја следи конфигурацијата на теренот. Првиот хотел А има бруто површина од 32.000 квадратни метри, со 3.848 квадратни метри отворени базени и 2.675 квадратни метри отворени спортски терени. Хотелот Б е централниот ресорт со предвидени 652 соби и апартмани, 47.800 квадратни метри бруто површина со базени од 2.500 квадратни метри и терени од 2.546 квадратни метри. Хотелот Ц исто така е дизајниран како ресорт и има бруто површина од 22.299 квадратни метри.

- Advertisement -

Казино-хотелот ќе има површина од 21.800 квадратни метри, од кои повеќе од 10.000 се наменети само за казиното. Вилите, кои ќе ги има 105, ќе имаат површина од 350 квадратни метри, а се осмислени за едо семество и ги имаат сите потребни надворешни и внатрешни содржини.

Сподели!
- Advertisement -