Нови промени во “Мој ДДВ”, деновиве нова апликација

- Advertisement -

Новата веб апликација “МојДДВ“ ќе биде достапна во следните денови на интернет страницата на УЈП. Со новата веб апликација, граѓаните ќе имаат увид во состојбата и ќе може во секој момент да го проверат износот што треба да им се врати од скенираните фискални сметки.

Новата веб апликација деновиве ќе биде достапна преку интернет страната на Управата за јавни приходи, а начинот на користење е ист како и кај мобилната верзија.

- Advertisement -

Веб апликацијата ќе им овозможи на граѓаните неколку нови можности. Освен детален увид, секој корисник ќе може и да избрише сметка доколку ја скенирал по грешка. Од УЈП потенцираат дека оваа опција е особено важна бидејќи може да се случи по грешка корисникот да скенирал фискална сметка за која е веќе издадена сметкопотврда која гласи на фирма.

Инаку, мерката поврат на ДДВ стартуваше на 1 јули годинава, а првата исплата ќе се реализира во декември.

- Advertisement -

Право на поврат на ДДВ има секое физичко лице со наполнети 15 години, важечка лична карта и трансакциска сметка, а лимитот за поврат на ДДВ на годишно ниво изнесува 7.200 денари за едно лице.

Сподели!
- Advertisement -