Освежување на знаменосецот ŠKODA SUPERB

- Advertisement -

Нов дизајн и нова технологија за ŠKODA SUPERB: три и пол години по лансирањето на третата генерација, знаменосецот на чешкиот бренд е сеопфатно модернизиран. Уште повеќе, врвниот модел на ŠKODA за прв пат е достапен како SUPERB SCOUT, а до крајот на годината ќе биде воведен и хибриден SUPERB iV. Технолошкиот напредок, како што се LED предните светла со матрица и уште поширок спектар на иновативни системи за помош, го прават ŠKODA SUPERB еден од најбезбедните и најудобните автомобили во својот сегмент. Во однос на просторноста, тој претставува репер за автомобилите во класата.

ŠKODA дополнително го подобри SUPERB и SUPERB COMBI, ажурирајќи го својот предводник со нови технологии и уште пософистициран ентериер. Во пролетта 2019 година, третата генерација SUPERB, која беше воведена во 2015 година, ја надмина бројката на произведени 500.000 единици. SUPERB COMBI учествува со околу 54% од моделот SUPERB продадени во Европа.

- Advertisement -

ŠKODA SUPERB постигнува значаен успех во класата, уживајќи во широка база на клиенти благодарение на многуте паметни решенија и придобивки кои ги нуди моделот. Она што семејствата најмногу го сакаат кај ŠKODA SUPERB е неговата просторност, разноврсност и исклучителна вредност за парите. Новиот SUPERB SCOUT допира до клиентите фокусирани на мултифункционалност и модерен начин на живот, а во исто време привлекува и нови групи купувачи.

- Advertisement -

Целосните LED Matrix светла за прв пат се достапни во понудата кај SUPERB. Опционалните LED задни светла сега вклучуваат и динамични индикатори. Новите системи за помош, како што се Адаптивниот Темпомат и системот за Странична Помош – која работи на оддалеченост од 70 метри – го зголемуваат високото ниво на безбедност на семејството SUPERB уште повеќе. Помошта при итни случаеви, системот за следење на коловозна лента и  “Front Assist” системот за итно сопирање со предвидлива заштита на пешаците, исто така, се нови технологии во понудата.

Следејќи ги стапките на оригиналниот SUPERB, кој беше произведен помеѓу 1934 и 1949 година, ерата на современиот SUPERB започна во 2001 година и продолжи до 2008 година со својата втора генерација. Третата генерација го имаше своето деби во 2015 година; ŠKODA достигна до продажба на еден милион возила SUPERB, произведени ширум светот, во април 2017 година.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -