Лани од Балканот се иселиле над 200.000 луѓе во ЕУ

- Advertisement -

Од Западен Балкан во земјите од ЕУ само минатата година се доселиле 228.000 луѓе, покажуваат податоците на „Евростат“.

Од Србија во земјите на ЕУ отишле 51.000 луѓе, но сепак најмногу иселеници има од Албанија – 62.000 и БиХ – 53.500, пренесува „Вјести“ од Подгорица.
Од територијата на Косово се иселиле 34.500 луѓе, 24.300 од Македонија и 3.000 од Црна Гора.
Од Македонија минатата година најмногу иселеници има во Германија (11.500), а потоа следат Италија и Словенија. Од Албанија најмногу луѓе се иселиле во Италија (23.000), Грција (17.000) и Германија (10 000). Повеќето луѓе од БиХ одат во Германија (16.000), Словенија и Хрватска.
Од Србија минатата година најмногу луѓе заминале во Германија (16.000), по што следат Словенија со 5.100 и Хрватска и Словачка со по 4.900 иселеници. Од Косово повеќето луѓе заминале во Германија, скоро 19.000, што е повеќе од половина, а потоа следат Словенија и Италија.
Во однос на населението, најмногу иселувања има од Албанија, земја со население од околу 2,8 милиони, бидејќи ланските 62.000 заминувања чинат околу 2,2% од вкупното население. Според статистиката, бројот на заминувања од нашата змја се на ниво од 2,1 процент од вкупното население, додека од Косово заминале два процента од граѓаните. БиХ лани ја напуштил 1,5 проценти од населението, а Србија 1,3 отсто.
Сподели!
- Advertisement -