Кога зборуваме за облека која може да се јаде, веројатно никому досега не му успеало повеќе да ја шокира јавноста од Лејди Гага, која пред неколку години облече фустан направен од живо месо. Меѓутоа, една Германка направи нешто не помалку бизарно – почна да произведува накит направен од мајчино млеко.
Мелани Кепл е дизајнерка на накит од германскиот град Дуизбург. Таа прави привезоци и алки користејќи вистинско мајчино млеко. Таа вели дека идејата за изработка на овие „млечни скапоцености“ и дошла кога помислила дека на мајките би им било многу драго да се присетат на тој посебен период од својот живот, односно периодот на доење.
„Затоа се одлучив за изработка на прекрасен и многу уникатен накит“ вели таа.
Сите заинтересирани жени можат да и испратат мала количина млеко која Кепл потоа ќе ја исуши и ќе ја измеша со смола и останати материјали за стврднување. Сега Кепл одлучи да оди и чекор понатаму и освен мајчиното млеко, во изработката на накитот користи и прамени од деца или делови од папочната врвца, во зависност од желбите на жените.
Иако нејзнината идеја на прв поглед е многу бизарна, има толкава заинтересираност за нејзиниот накит што секој нов кушпувач го бира со извлекување на име од шешир.
Германка прави накит од мајчино млеко
- Advertisement -
- Advertisement -