Кога ќе се изложат на директна светлина, овие патики Converse почнуваат да менуваат бои

- Advertisement -

Converse ја претстави својата најнова колекцијапатики. Овој пат патиките се активираат со УВ зраците од сонцето. Компанијата во сопственост на Nike соработуваше со компанијата Chinatown Market за да направи нови обувки кои менуваат боја под влијание на сончевите зраци, а го носат името UV Chuck 70.
Патиките изгледаат слично на класичните Chuck Taylor All-Star со знакот, гумениот ѓон, заоблениот врв. Горниот дел од патиките кога ќе ја отворите кутијата е бел, но кога ќе го изложите на директна светлина почнува да менува бои – сина, портокалова, розова и виолетова. Таа трансформација можете да ја видите на видеото подолу.
УВ филтерот им овозможува на патиките да стапат во интеракција со околината и тоа е највпечатливиот дел од целиот проект. На овој начин обувките стануваат повеќе од само обични патики и се претвораат во нешто уникатно .

Chinatown Market x Converse 'UV Chuck 70'

The Chinatown Market x Converse 'UV Chuck 70' features UV-sensitive canvas upper that transforms in seconds… Who wants a pair?! ☀️📷 IG mikecherman

Posted by The Sole Supplier on Четврток, 18 јули 2019

Сподели!
- Advertisement -