Apple развива уред кој во текот на наредните 10 години ќе го замени iPhone

- Advertisement -

Apple веќе се подготвува за иднината во која повеќе нема да се користат паметни телефони и каде што нема да се произведува iPhone. Такво нешто сега изгледа прилично неверојатно и невозможно, но со години се зборува за уреди кои ќе ги заменат паметните телефони, а тоа се паметни очила, односно AR очила.

За таквите очила на Apple со години кружат и гласини, а благодарение на инсајдерот Минг-Чи Куо, минатата недела дознавме некои информации за нив. Така, Apple Glasses треба да имаат два процесори – едниот ќе има моќни перформанси и ќе биде сличен на процесорот M1 што се користи во последната генерација Apple Mac, додека другиот процесор ќе биде послаб и ќе управува со сензорите.

- Advertisement -

Првиот модел на AR очила можеме да го очекуваме на крајот на идната година и со него ќе може да се управува без поврзување со iPhone и Mac, а очилата треба да поддржуваат и различни аппликации. Тоа е еден од првите чекори на Apple кон крајот на iPhone, вели Куо, но такво нешто не треба да се очекува толку наскоро и тој споменува рок од 10 години.

Очилата на Apple треба да поддржуваат и виртуелна реалност благодарение на Sony 4K Micro OLED екраните. Уште не е познато дали првиот модел на Apple очила ќе ги поддржува сите споменати технологии или на првиот модел се ќе биде поедноставно, само со поддршка за AR. Со оглед на тоа дека лансирањето е планирано за една година, во текот на наредните неколку месеци очекуваме нови информации и гласини за новиот уред, за кој уште не е познато како ќе се вика.

- Advertisement -

(Mac Rumors)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -