„После Часови“, единствениот саем за воннаставни активности за деца и млади кај насќе се одржи на 14 и 15 септември, од 10-18 часот, на Школка, в Градскиот Парк во Скопје.
Интерактивниот настан ќе опфати голем број на области кои децата ги посетуват по завршување на училишните обврски – од уметност, спорт, музика, танц, ликовна уметност, пеење, едукативни центри и програми, изучување на странски јазици, училишен прибор и реквизити. Овие два дена ќе бидат исполнети со разни забавни, активни и практични активности, а секое дете ќе ја има уникатната можност да го искуси и доживее сѐ она што го нудат најдобрите едукативни  центри, организации, музички и уметнички студија и спортски клубови кај нас.
Целта на организаторите на овој настан, Моментум Инк., е на сите млади родители да им олесни во одговорот на прашањето „Дали Вашето дете квалитетно го поминува времето после часови? “ На овој настан сите родители ќе имаат можност од прва рака и на едно место да ги дознаат сите информации кои се поврзани со воннаставните активности на нивните деца – да се информираат за сите програми кои се достапни кај нас, услови, термини, да се запознаат со обучувачите, да ги запишат своите малечки на она кон што имаат најголеми афинитети и интерес на лице место по специјални цени.