БиБиСи развива свој гласовен асистент

- Advertisement -


Зад сцената на случувањата околу Брегзит, стигнува официјалната вест дека британскиот национален и јавен радиодифузер Би-Би-Си (British Broadcasting Corporation) има намера да се вклучи на пазарот за паметни дигитални асистенти.
БиБиСи развива свој дигитален гласовен асистент кој ќе работи на паметни звучници, паметни телевизори и мобилни уреди. Работното име за новиот асистент е Beeb, кое истовремено претставува и команда за нејзино активирање.
Целта е да се создаде гласовен асистент фокусиран главно на пазарот во Велика Британија, кој ќе може да препознае различни британски нагласоци (за таа цел се снимаат гласови на волонтери од целата земја, со цел идниот асистент да биде што поуспешен во препознавањето нагласоци).
На тој начин, Beeb ќе се приклучи на високо конкурентскиот пазар во којшто моментно доминираат Amazon, Google, Apple и кинескиот Baidu.
(Marketing365.mk)

Сподели!
- Advertisement -