Пробиотски јогурт – најнов производ на Бучен Козјак

- Advertisement -

Компанијата Бучен Козјак го претстави својот најнов производ, Пробиотски јогурт. Под мотото „Следи ја детелинката, носи нов производ“, новиот продукт на продажните места ќе биде достапен од 1 септември. Пробиотскиот јогурт е со масленост од 3,2 отсто и ќе биде достапен во три пакувања, од 1 кг, 300 г и чашка од 180 г.
Бучен Козјак е македонска компанија која има долгогодишна традиција на производство на висококвалитетни млечни производи подготвени на природен и традиционален начин. Добро познатиот квалитет на кравјото, мешаното и овчото сирење, кравјото и овчото кисело млеко, кравјото и овчото жолто сирење, јогуртот, ајранот и свежото млеко, се препознава и во најновиот производ, Пробиотскиот јогурт.
Консумирањето на производи кои се збогатени со пробиотски култури има позитивно влијание на здравјето на консументите.  Здравите бактерии помагаат да се регулира дигестивниот тракт и одржуваат рамнотежа помеѓу здравите и штетните бактерии.
Освен дигестивната рамнотежа, пробиотскиот јогурт на Бучен Козјак има позитивно влијание и на зајакнувањето на имунитетот, бидејќи 70 отсто од клетките на имунолошкиот систем се наоѓаат во стомакот.
Пиењето Пробиотски јогурт влијае и на расположението и го поттикнува  лачењето на серотонинот во стомакот. Редовното користење на Пробиотски јогурт влијае и на регулирањето на телесната тежина. Препорака е секојдневно да се користи овој производ!
 

Сподели!
- Advertisement -