НАСА го претстави својот нов ловец на вонземјани

- Advertisement -

Моќниот телескоп Hubble конечно може да се пензионира затоа што НАСА и официјално го претстави новиот врвен телескоп кој треба да го замени. James Webb Space Telescope, како што му е официјалното име или Вебов телескоп за „пријатели“, ќе има две главни задачи – да пронајде траги од вонземски живот и да го проучува потеклото на вселената.
Вебовиот телескоп беше најавен уште во 2009 година, но по поголемото доцнење, одложувањата и немањето буџет, сега треба да полета во вселената во март 2021 година. Почетната цена на телескопот досега е речиси дуплирана и изнесува вртоглави 9,7 милијарди долари. До самото лансирање ќе бидат потребни уште неколку стотини милиони долари.
Вебовиот телескопо кога ќе дојде во вселената ќе има големи штитови кои ќе ги штитат осетливите инструменти од топлината и зрачењето на Сонцето, а ќе биде голем колку еден тениски терен. Со своето инфрацрвено „око“ ќе ги набљудува планетите во својата близина и ќе истражува како настанале првите ѕвезди и галаксии пред околу 13,5 милијарди години.
 

Сподели!
- Advertisement -