0.1 C
Skopje
понеделник, јануари 20, 2020

Шеснаесетгодишната шведска активистка Грета Тунберг стигна во Њујорк за самитот на Обединетите нации

Kabtel desktop

По петнаесет дена пловење преку Атлантскиот Океан шеснаесетгодишната шведска активистка Грета Тунберг стигна на пристаништето во Менхетен, Њујорк. Ова патување е во склоп на нејзината кампања за зачувување на климата.
Mладата шведска активистка за борба против климатските промени тргна на пат од Плимут, Велика Британија до Њујорк, САД со едрилица која не испушта јаглерод диоксид. И беа потребни околу две недели за да стигне до Њујорк, каде што ќе учествува на самитот на Обединетите нации за климата.
Швеѓанката има 16 години, а ги поттикна младите на протести поради климатските промени во училишта ширум светот. Таа одби да патува со авион поради емисијата на штетни гасови. Синот на прицнезата Каролина, Пјер Казиражи, и даде брод на активистката, која помина 3.000 наутички милји или околу 5.500 километри до Њујорк.
Едрилицата е долга 18 метри, има соларни панели и подводни турбини за производство на струја. Тунберг сака да учествува на самитот на Обединетите нации за климата на 13 септември, а пред тоа планира состаноци во Канада, Мексико и Чиле, каде што во декември е вториот состанок на ОН за климата.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •