Oд денес Vip стана А1 

- Advertisement -

 Од денес, телекомуникациската компанија оне.Вип станува А1 Македонија ДООЕЛ, а брендот Vip станува А1.

Консолидирајќи ја својата позиција во рамките на A1 Телеком Австрија Групацијата, присутна во седум земји во регионот, Vip го претстави новиот бренд на компанијата – А1.

На настанот по повод официјалното ребрендирање, главниот извршен директор на А1 Телеком Австрија Групацијата, Томас Арнолднер, главниот извршен директор на А1 Кластерот „Хрватска и Македонија“, Јиржи Дворјанчански, и извршниот директор на А1 Македонија, Мислав Галер, го претставија новиот А1 бренд, осврнувајќи се на клучните поенти поврзани со процесот на ребрендирање, идните планови на компанијата, како и на најновите понуди.

- Advertisement -

 

„Трансформацијата од Вип во А1 е стратешка одлука со која ја надградуваме нашата позиција на телекомуникацискиот пазар. Нашата визија како А1 е да бидеме партнер во дигитализацијата на македонското општество, да го поттикнеме дигиталниот начин на живеење и да бидеме водич за нашите корисници во оваа наша дигиталната ера на нови технологии. Брендот го градиме како силен, модерен, отворен и креативен бренд, со кој креираме нови приказни и отвораме нови светови. На корисниците им овозможуваме заедно да ги креираме искуствата според нивните потреби, што ќе придонесе и за поквалитетен начин на живеење во дигиталното време. Цврсто верувам дека сите заедно ќе придонесеме оваа наша визија да стане реалност“, изјави Мислав Галер, извршен директор на А1 Македонија.

- Advertisement -

 

Компанијата ги менува името, логото и изгледот на своите продажни салони, воведува сосема нова корпоративна веб-страница, воведува нови, модерни и софистицирани дигитални алатки.

- Advertisement -

Новиот бренд А1 на корисниците им овозможува врвна услуга, одлично корисничко искуство и комуникациска инфраструктура, која може да одговори на предизвиците што ги носи иднината.

Зад промената на брендот и името на компанијата стои многу поголема и суштинска промена, која ќе влијае врз сите сегменти од работењето, што води кон задоволување на комуникациските потреби на корисниците, а подразбира најмодерна оптичка инфраструктура, мобилна мрежа од новата генерација што овозможува кристално јасен звук и подготвеност за 5G-технологија.

А1 понуди и промоции 

По повод официјалната објава за промена на брендот, A1 подготви посебно изненадување за сите свои корисници со кое ќе можат да уживаат во премиум дигитално искуство.

Сите корисници кои ќе ја симнат новата и усовршена апликација Мојот А1 добиваат бесплатен еднократен интернет пакет со 10GB.

Сподели!
- Advertisement -