Поскапува храната во САД

- Advertisement -

На сила стапи новата царинска давачка за увезена кинеска стока во САД, што ќе донесе повисоки цени на храната, облеката, обувките, спортската опрема и на други артикли што се продаваат во САД.

Царината од 15 отсто се однесува на на увоз на стока од Кина во вредност од околу 112 милијарди долари и опфаќа повеќе од две третини од вкупниот увоз од Кина во САД. Тоа се голема лепеза производи  што досега не се царинеа, како што се кечап, говедско месо, свински виршли, овошје, зеленчук, млеко, сирење, зачини, сладолед…
Новите царини се додаваат на претходно воведените дополнителни царини за увозот од Кина, во вредност од 250 милијарди долари.
До крајот нагодинава, вкупниот кинески увоз кој изнесува околу 540 милијарди долари (според податоците од 2018 година) ќе биде подложен на дополнителни царини во САД.
(www.instore.mk)

Сподели!
- Advertisement -