YouTube е казнет со 170 милиони долари за кршење на Законот за заштита на приватноста на децата

- Advertisement -

Водечката видео-платформа YouTube е казнета со рекордни 170 милиони долари за кршење на Законот за заштита на приватноста на децата.
Гугл, кој е сопственик на „ЈуТјуб“, се согласи да ја плати таа сума во договор со Федералната комисија за трговија (ФТЦ), јавува Анадолија
Според договорот, YouTube исто така ќе треба да побара од креаторите на содржини кои испраќаат видеа за да наведат дали се наменети за деца. Минатата недела, објавија дека се отвора посебна веб-страница за содржина на децата.
Јутјуб е обвинет дека собрал информации за своите корисници под 13-годишна возраст без притоа да добие дозвола од нивните родители, со што дошло до прекршување на Законот за приватност на децата од 1998 година.
Ова е највисока казна во случај што вклучува приватност на децата.
Главниот извршен директор на ЈуТјуб, Сузан Војчицки изјави дека веб-страницата ќе ги оневозможи сите насочени реклами на видеа наменети за деца.

Сподели!
- Advertisement -