Објавен прирачник за компании при инспекциски надзор

- Advertisement -

За потребите на компаниите Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива изработи прирачник за постапување при инспекција според новиот Закон за инспекциски надзор кој е на сила. Во прирачникот кој е бесплатен ќе може да се информирате за сите новини во законот, за правата и обврските на компаниите, како и за процедурите кои треба да ги извршат инспекторите.

Со новиот Закон за инспекциски надзор се уредуваат основните начела на инспекцискиот надзор, статусот, надлежностите и работењето на Инспекцискиот совет, организацијата и раководењето со инспекциските служби, следењето, контролата и координацијата на работата на инспекциските служби, статусот и вработувањето на инспектор, лиценцата за инспектор, правата и обврските на инспектор, учинокот на инспектор, права и обврски на субјектите на инспекциски надзор при вршење на инспекциски надзор, постапката на вршење инспекциски надзор, посебните дејствија во инспекциската постапка, односите на инспекциските служби и надлежните органи, како и спроведувањето на законот.

- Advertisement -

Основната цел за носење на новиот Закон за инспекциски надзор е неговата едукативна природа. Така, Законот предвидува изрекување на алтернативни мерки пред покренувањето прекршочна постапка. Имено, опомената е уредено како мерка пред покренувањето прекршочна постапка, а друга алтернативна мерка е решението, како еден вид наредба за отстранување на утврдените недостатоци и неправилности во определениот рок.

Прирачникот може да го преземете бесплатно од biznisregulativa.mk на македонски јазик на следниот линк и на албански јазик на следниот линк.

- Advertisement -

Овој прирачник е подготвен со поддршка на американскиот народ, преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во овој „Прирачник за компании при инспекциски надзор“ им припаѓаат на авторите и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

Сподели!
- Advertisement -