Facebook денес во САД ја лансираше својата нова апликација за пронаоѓање сродна душа

- Advertisement -

Технолошкиот гигант Facebook во САД денес ја лансирапе својата нова апликација која има за задача да ги поврзува луѓето со нивните сродни души и да им помогне да најдат вистинска љубов. Станува збор за апликацијата за запознавање Facebook Dating, со која компанијата на Марк Цукерберг и официјално влегува на пазарот за т.н. дејтинг апликации, од кои веројатно најпозната е Tinder.
Откако една цела година ја тестираа во Колумбија, Facebook Dating од денес е достапна на пазарот во САД. Услов за користење на апликацијата е да сте постари од 18 години. Корисниците на Facebook ќе можат да го одделат просилот на социјалната мрежа од профилот кој служи за запознавање љубовни партнери или нови пријатели. Според информациите, за дејтинг на Facebook нема да има потреба да инсталирате нова апликација, но тие што ќе сакаат да ја користат таа опција ќе добијат целосно нов профил.

Сподели!
- Advertisement -