Томо Рицов и Никола Врдољак пред најдобриот Викенд во годината: Во рамки на фестивалот веруваме дека регионот може подобро

- Advertisement -

Преостануваат само уште две седмици до Викенд Медиа Фестивал (Weekend Media Festival), кој оваа година се одржува во период од 19. до 22. септември во Ровињ, Хрватска. Најголемиот регионален фестивал за комуникациската индустрија дванаесетта година по ред ќе ги собере комуникациските стручни лица од целиот регион кои во рамки на фестивалските предавања, панели и дискусии ќе говорат на најактуелните теми од индустријата. Што не очекува овој Викенд откриваат Томо Рицов, директор на фестивалот и Никола Врдољак, директор на програмата на фестивалот.

 
Како настана Викенд Медиа Фестивал?
РИЦОВ: Сакавме на едно место за прв пат да ја собереме регионалната медиумска и креативна индустрија каде луѓето ќе може да дознаат кои се најновите трендови, да слушнат туѓи искуства, да научат нешто ново и воедно добро да се забавуваат во уникатен амбиент. Кога го започнавме Викенд Медиа Фестивалот не очекувавме ваков исход – веќе првиот Викенд ги надмина сите очекувања. Тогаш присуствуваа 1.400 луѓе, а очекувавме околу 400. Како што минуваше времето. Фестивалот се профилираше во незаменлива дестинација за креативно опуштање во еден од најубавите градови во Хрватска.
 
Зошто Викенд Медиа Фестивал веќе 12 години е клучно место за комуникациската индустрија од целиот регион?
РИЦОВ: Секоја година се стремиме се повеќе и повеќе да го подигнеме нивото на фестивалот и тоа е она што не прави поразлични и без кое Викендот не би бил ист. Покрај тоа, имаме и одличен тим луѓе кои секоја година осмислуваат нешто ново што ќе го надмине претходното издание. И овој пат подготвуваме голем број новости со кои ќе ја потврдиме титулата најголем регионален комуникациски фестивал. Нашата комбинација од предавања, релаксирано дружење, забава и локација е единствена и е добар микс заради кој Викенд Медиа Фестивал успешно се одржува и ден денес.
 
Што ќе издвоите од овогодинешната програма на Фестивалот?
ВРДОЉАК: Ќе се занимаваме со низа теми, почнувајќи од Нетфликс, во рамки на панелот „Streaming wars” кој толку многу го промени начинот на кој ја гледаме телевизиската содржина што ни се чини дека оваа година сите имаат свој сопствен стриминг сервис, па се до предавањето на Ранко Рајовиќ за растењето на децата во дигитално доба. На „Data vs. Insights“ ќе разговараме за огромните количини податоци до кои денес имаме пристап, а на панелот „Марк издржи: Како Цукерберг и пријателите ќе го преживеат глобалниот технолошки отпор?“ размислуваме за огромниот технолошки отпор, реакциите на општествата и пазарите на преголемата доминација од страна на технолошките гиганти.
 
Која е новината во програмата оваа година?
ВРДОЉАК: Новина оваа година е Викенд Мастерклас (Weekend Masterclass), а станува збор за нов формат на бизнис предавања и панели кои ќе се одржат во четврток во конгресната сала на луксузниот Гранд Парк Хотел во Ровињ. Во рамки на овој формат ќе говори еден од најзначајните бизнисмени во индустријата со луксузни брендови, легендарниот предводник на Tag Heuer и Hublot – Жан Клод Бивер кој со нас ќе го сподели своето искуство и совети како успешно да се води премиум светски бренд.
 
За кои теми оваа година највеќе ќе се зборува?
ВРДОЉАК: Панелот “Како да го преживеете сексот, лагите и недвижниот имот“ сигурно ќе крене многу прашина, а ќе ја опфати темата за грешките при комуникацијата во политиката на кои секојдневно сме сведоци. Имаме и панел именуван „Spotlight“ во чии рамки ќе се дискутира зошто довербата во медиумите се намалува и кои се последиците за средината. Оваа година за прв пат ќе бидат прогласени најдобрите Хрватски политички професионалци од областа на односите со јавност. Истите ќе бидат прогласени преку анкета организирана во соработка со агенцијата Ипсос – новинарите кои ја следат работата на владата, министерствата, парламентот и канцеларијата на претседателот ќе дадат своја оцена за ПР професионалците со кои највеќе соработуваат.
 
Викенд Медиа Фестивал не би бил ист доколку од неговата програма се изоставени незаборавните забави и концерти. Кој ќе нѐ забавува оваа година?
РИЦОВ: Викенд забавите веќе станаа легендарни и за нив се збори месеци по фестивалот. Изведувачите ги најавуваме последни, затоа што во оваа фаза сакаме да ја нагласиме програмата. Можам да кажам дека овој пат во Ровињ се очекува богата музичка програма и дружење до доцните ноќни часови.
 

Сподели!
- Advertisement -