Поради телефоните децата стануваат депресивни, нервозни и помалку спијат

- Advertisement -

Паметните телефони станаа неизоставен дел од нашиот живот, но голем број луѓе веројатно се свесни дека ги користат повеќе токолку што би требало. Многумина не можат да издржат ни половина час без да погледнат во телефонот, а многу родители на своите деца често им даваат телефон во рака за да се забавуваат додека тие малку одморат. Но, на долг рок со тоа не си прават услуга ни себеси ни на децата затоа што има повеќе потенцијални проблеми кои може да се појават кај децата кои се навикнати на екраните.
Џенифер Им, професорка на Универзитетот Квангун во Јужна Кореја, објави истражување кое го спровела на околу 2.000 деца со просечна возраст од 12 години. Според тие резултати, повеќе од 50% од нив биле свесни дека се зависни од телефоните, додека 84% од испитаниците не би можеле да издржат ни еден ден без телефон. Тоа е апсолутна зависност, а кога на детето ќе му дадете смартфон, тоа е како да сте му дале дрога е заклучокот на истражувањето.
Ова би требало да загрижи многу родители и деца, а секако, зависноста од смартфоните еднакво се однесува и на возрасните. Исто така, тоа претерано користење на телефоните кај младите може да предизвика проблеми и со физичкото и со психичкото здравје. Тие може да станат депресивни , анскиозни, да чувствуваат болка во вратот и во зглобовите, да станат се понесигурни и помалку друштени, а се повеќе деца имаат и проблеми со спиењето. Се разбира, не е тешко да се заклучи дека сето тоа влијае и на нивниот успех на училиште.

Како и секогаш, најдобар пример на децата можат да им дадат родителите, но проблемот е во тоа што голем број возрасни исто така се зависни од смартфоните, па не треба да се чудиме што децата го следат нивниот пример. Ако сакате вашите најмили да поминуваат помалку време пред екраните, престанете да ги користите толку телефоните во нивна близина, забранете користење на уредите за време на оброците, оставете ги во друга соба итн.
Она што посебно загрижува е дека телефоните влијаат на менталното здравје на децата на возраст од 2 до 5 години. Околу половина од децата кои дневно користат телефон два или повеќе часа брзо губат трепение и не можат да се смират лесно кога ќе почнат да плачат. Исто така, кај децата и адолесцентите претераното гледање во екраните предизвикува проблеми со однесувањето. Така, адолесцентите кои поминуваат најмалку четири часа дневно со телефон покажуваат знаци на анскиозност, не се толку љупобитни како нивните врсници, додека вистинските пријателства се повеќе ги заменуваат со виртуелни, честопати со луѓе кои никогаш не ги запознале во живо.
Затоа за децата на возраст под 5 години не се препорачува користење на телефон подолго од еден час, додека за основците и адолесцентите се препорачува користење на телефон максимум два часа.

Сподели!
- Advertisement -