Шпански град воведе данок за кучиња

- Advertisement -

Уморни од плаќање за чистење на изметот од кучињата по улиците, властите на шпанскиот град Замора, во кој бројот на кучиња го надминува бројот на деца, одлучиле од почетокот на идната година да воведат данок за кучиња.
„Сопствениците на кучиња би требало во одредена мера да придонесат за пoдмирување на трошоците“, велат од градот.
Тие додаваат дека не се сите среќни поради новиот данок, кој би требало да изнесува девет евра годишно. „Данокот предизвика поделени реакции. Некои воопшто не се согласуваат, други се помирија со тој факт, а трети го прифаќаат. Не се сите реакции негативни“, додаваат.
Градот очекува од овој данок годишно да се соберат од 50.000 до 90.000 евра за изградба на повеќе патеки за шетање кучиња, за чистење на улиците и да се набават кеси за измет. Сличен закон веќе постои во неколку други градови во светот. Холандскиот град Хаг наплаќа 120 евра по куче, а тој износ сразмерно се зголемува за секое второ или трето куче.
Нешто поинаков пристап на решавање на проблемот минатата година имаше градоначалникот на Мадрид, кој се обиде да воведе земање на ДНК на кучињата за да може да се идентификуваат и да се казнат сопствениците кои ќе остават измет по улица. Но, по изборите новиот градоначалник го отфрли планот.

Сподели!
- Advertisement -