Виена за шест месеци заработила половина милијарда евра само од ноќевање на туристите

- Advertisement -

Во првата половина од годинава нето-прометот од ноќевања во сместувачките капацитетит на австрискиот главен град изнесува 455 милиони евра. Тоа е за 20,9% повеќе во споредба со минатата година. Бројот на ноќевања во Виена во јули годинава го надминал досегашниот рекорд од 2018 година за 4,3% на 1,6 милиони ноќевања.
Истовремено, од јануари до јули годинава биле реализирани 9,6 милиони ноќевања, што е за 9,2% повеќе во споредба со минатата година. Понатаму, седум од десет топ пазари во Виена забележале пораст во јули годинава.
Во јули во Виена биле регистрирани 316.000 туристи од Германија, односно 6% повеќе отколку лани, домашни туристи имало 234.000 или 2% повеќе од лани, додека од САД имало 116.000 гости или 3% повеќе од 2018 година. Бројот на туристи од Шпанија, Италија, Франција и Русија забележал двоцифрен раст, додека туристите од Кина се на исто ниво како минатата година.
 

Сподели!
- Advertisement -