Рециклирањето постои со генерации наназад и има се повеќе места каде што се рециклира метал, пластика и стакло. Така, денес е нормално да се издвојуваат работите кои се рециклираат од другите, Но, правилата постојано се менуваат, па затоа е создаден уредот Recycling Identifying Device (R.I.D.) за да го олесни процесот.
R.I.D e дизајниран од британската компанија Cohda, а ги скенира различните материјали за да ви каже дали некој предмет може да се рециклира или не. Користи речиси инфрацрвена спектроскопија за да ги идентификува предметите. Софтверот му овозможува на R.I.D. да ги спореди параметрите за предметите кои се прифатливи во центрите за рециклирање. Со други зборови, софтверот може да ви каже дали нешто можете да рециклирате или не.
Уредот е едноставен за користење. Наменет е да го користат организации за менаџирање со отпад, а целта е да се опреми секое семејство со овој гаџет. Благодарение на R.I.D. предметите кои може да се рециклираат нема да завршат на депонија или во океаните.
Многумина сакаат да рециклираат се што може да се рециклира, но секој град има посебни правила за тоа што е, односно не е прифатливо. Дури и тогаш листите постоајно се менуваат. R.I.D. ги прима промените веднаш штом ќе се направат и секогаш носи правилна одлука. За R.I.D. не е потребен посебен софтвер, компјутер или смартфон. Бидејќи целиот проект е фоскуиран на одржливост и рециклирање, кога ќе му заврши животниот век, R.I.D. може да се расклопи и да се рециклира.
R.I.D. е гаџет кој ќе ви каже што можете да рециклирате, а што не
- Advertisement -
- Advertisement -