Хрватска компанија која одгледува туна отвори погон во Хонгконг

- Advertisement -

Туната која ја одгледува компанијата Kali tuna во кафези од минатиот петок се наоѓа на огромниот пазар во Хонгконг. Имено, компанијата сопственик на Kali tunа, J-Trading Inc. на Јапонецот Џиро Камбе во Хонгконг основала компанија наречена Kali Tuna H.K. Co., Ltd, а новиот погон за подготовка на туната за тамошниот пазар со систем за разладување е отворен од вчера.
Kинеската Kali tunaсе отвора ден ден по предвиденото завршување на најголемиот саем за рибарската индустрија и трговијата,  Seafood Expo Asia 2019, кој требаше да почне минатиот вторник и да трае до четврток, но беше одложен поради нередите во Хонгконг.
Погонот на J-Trading во Хонгконг ќе биде опремен со 10 моќни замрзнувачи, кои туната ќе ја чуваат на температура од -60 степени. Освен тоа, во погонот ќе има и два големи ладилници за подготовка на туна за консумација. Како што ијзави Џиро Камбе, мисијата на овој најголем производител на висококвалитетна туна е да го понуди тој врвен производ не само во луксузните ресторани, туку и директно на самите потрошувачи во земјите од источна Азија, вклучувајќи го и Хонгконг.
Месото на туната одгледана во кафези веќе одамна се служи  во луксузните ресторани ширум светот од Калифорнија до Дубаи, каде што тамошниот ресторан од светскиот суши синџир Nobu, кој е во делумна сопственост ма славниот актер Роберт де Ниро, веќе две години за своите специјалитети служат јадранска туна.
Истапувањето на Ј-Trading на огромниоѕ пазар во Хонгконг, Кина и Источна Азија е еден од најбитните бизнис потези на компанијата од основањето на „Kali tunа.

Сподели!
- Advertisement -