Шведски научник предлага да станеме канибали ако сакаме да се бориме со климатските промени

- Advertisement -

Еден шведски научник ни понуди сосема неочекувано решение за спас на светот и борба со климатските промени. Генерално, кога немој има некаков прогресивен став за некое прашање, го прифаќаат многумина. Но, дали би го прифатиле и ова решение?
Имено, се досега од нас се бараше да правиме мали бихејвиорални промени за да помогнеме да се спаси планетата. Тие промени вклучуваат јадење помалку месо, рециклирање, корисење ЛЕД сијалици, возење електрични возила итн. Сите тие бихејвиорални промени ни овозможуваат да си останеме во нашата зона на комфорот, но истовремено да дадеме придонес за доброто во светот.
Психологијата зад тие иницијативи е фантастична затоа што ние веруваме дека тие факти се научно докажани и затоа не анализираме, не се запрашуваме, ниту проверуваме дали тие промени имаат позитивни ефекти.
Но, сега, бидејќи општествата од целиот свет го сменија своето однесување, време е да направиме нешто поголемо и да излеземе од нашата зона на комфорот. Според шведскиот научник Магнус Седерлунд, кој на 3 и 4 септември учествуваше на Gastro самитот за иднината на храната во Стокхолм, канибализмот е на ред како мерка за спас на планетата.
Неговиот говор го носеше името „Храна од иднината: црви, скакулци и човечко месо?“. Седерлунд истакна дека луѓето мора да се привикнат на идејата да јадат човечко месо за да се справат со последиците од климатските промени затоа што веќе не е доволно само да не јадеме говедско месо, да не возиме автомобил на фосилно гориво или да рециклираме пластични и стаклени шишиња.
Тој зборуваше за табуата врзани за јадењето човечки трупови. Тој отиде дури дотаму што тврдеше дека ваквиот моментален начин на размислување на луѓето е последица на конзервативизмот. Кога него го прашаа дали тој би јадел човечко месо, одговори: „За да не изгледам премногу конзервативен, верувам дека барем би пробал“.
Според она што е познато, практикувањето на канибализмот може да резултира со неизлечиви и фатални болести како болеста куру. Тоа е невролошко пореметување кога губите контрола над телото. Но, професорот Седерлунд вели дека одбивноста на луѓето кон јадењето човечко месо е проблем кој може да се надмине бидејќи во иднина ќе нема толку прехранебни ресурси како сега.

Сподели!
- Advertisement -