Единаесет градови кои тонат и може да исчезнат до 2100 година

- Advertisement -

Глобалните температури и нивоата на морињата и океаните се покачуваат, па градовите кои се наоѓаат во крајбрежјата веќе се соочуваат со страшни поплави и работат на креативни решенија за овој проблем. Некои од градовите тонат поради покачувањето на нивоата на морињата, додека други тонат поради тоа што се ископуваат големи количини подземна вода и се создава разлика во притисокот.
Овие 11 градови тонат и се во опасност од исчезнување.
1. Џакарта, Индонезија
Џакарта тоне по 17 см годишно поради испумпувањето подземни води. Тоа создава промена во притисокот и волуменот, па како резултат градот тоне. Голем дел од градот ќе биде под вода до 2050 година. Владата на Индонезија неодамна одобри план за префрлање на Џакарта на 160 км од сегашната локација на островот Јава со цел да се заштитат 10-те милиони жители од поплавување. За преселбата на градот ќе бидат потребни 10 години, а ќе чини 33 милијарди долари.
2. Лагос, Нигерија
Нискиот брег на Лагос продолжува да еродира, а покаченото ниво на морето предизвикано од глобалното затоплување го става во опасност најголемиот град во Азија. Едно истражување од 2012 година од Универзитетот Плимут покажа дека покачување на нивото на морето од 7,6 до 22,8 см ќе има катастрофални последици на луѓето во тој регион. До крајот на веков се очекува глобалните нивоа на морињата и океаните да се покачат за 16,7 см.
3. Хјустон, Тексас
Делови од Хјустон тонат со стапка од 5 см годишно поради испумпувањето подземни води. Колку повеќе тоне Хјустон, толку повеќе станува подложен на природни катастрофи како ураганот Харви, кој уништи речиси 135.000 домови и околу 30.000 луѓе беа раселени.
4. Дака, Бангладеш
Бангладеш произведува 3% од глобалната емисија на штетни гасови, но земјата се соочува со некои од најстрашните последицви од климатските промени и покачувањето на нивото на морето. До 2050 година океаните веројатно ќе поплават околу 17% од површината на Бангладеш и околу 18 милиони луѓе ќе бидат раселени.
5. Венеција, Италија
Венеција тоне по 0,2 см годишно. Италија почна да гради бариера од поплави која се состои од 78 порти на трите влеза уште во 2003 година. Бариерата требаше да биде готова во 2011 година, но веројатно нема да биде завршена до 2022 година. Кога повеќе бури ја погодија Венеција во 2018 година, проектот вреден 6,5 милијарди долари се уште не беше довршен.
6. Вирџинија Бич, Вирџинија
Вирџинија Бич се соочува со една од најголемите стапки на покачување на нивото на морето на Источниот Брег. Националната океанска и атмосферска администрација проценува дека Вирџинија Бич до 2100 година ќе се соочи со покачување на нивото на водата до 30 см.
7. Бангкок, Тајланд
Бангкок тоне со стапка од 1 см годишно и може да дојде под нивото на морето до 2030 година. За да се спречи поплавувањето, особено во текот не летната дождовна сезона, архитектонска фирма изгради парк со површина од 4,4хектари кој може да собере до 3,7 милиони литри дождовна вода, а се вика Чулалонгкорн универзитетски парк.
8. Њу Орлеанс, Луизијана
Делови од Њу Орлеанс тонат по околу 5 см годишно и до 2100 година градот може да биде под вода, покажа едно истражување на НАСА од 2016 година. Некои делови од градот веќе се околу 40 см под нивото на морето, а бидејќи се лоцирани на речна делта, се особено изложени на поплави.
9. Ротердам, Холандија
Според New York Times, 90% од градот Ротердам е под нивото на морето. Како што се покачува нивото на морињата и океаните, се зголемува ризикот од поплави. Како и паркот во Бангкок, Холанѓаните направија водени паркови кои имаат двојна улога како резервоари на вода за да се балансира покачувањето на нивото на морето. Проектот се вика Room for the River, а имаат направено и огромни бариери во случај на бура.
10. Александрија, Египет
Плажите на Александрија продолжуваат да исчезнуваат како што расте нивото на морето. Средоземното Море може да се покачи за 60 см до 2100 година.
11. Мајами, Флорида
Според некои научници, не постои сценарио во кое Мајами како град би постоел на крајот на овој век. Нивоата на водата во Мајами се покачуваат многу побрзо отколку на кое било друго место во светот, а тоа резултира со поплави, загадена вода за пиење, оштетени домови и патишта. Градот наскоро ќе мора да ја подигне инфраструктурата ако сака да остане над нивото на водата.

Сподели!
- Advertisement -