e² Young Engineers Skopje Macedonia е лиценца на светскиот бренд Young Engineers кој потекнува од Израел, наменет за интердисциплинарно изучување на наука, технологија, инженерство и математика за деца од 5 до 15 години со помош на Lego® коцки. Овој едукативен бренд од 2017 година е достапена и во Македонија како прва лиценца од овој бренд на Балканот. Сашка Теодосиевски e основач и менаџер на единствената интернационална лиценца за STEM едукација во Македонија Young Engineers Macedonia и со нејзе разговаравме за предностите на оваа едукативна и иновативна програма.
Разгвараше – Верица Јорданова
Какви знаења стекнуваат децата кои се дел од Young Engineers Macedonia?
При изучувањето на годишните програми на Young Engineers во неколку нивоа, децата се стекнуваат со знаење од областа на програмирањето, машинското и софтверско инженерство, се поттикнуваат во алгоритамското, креативно, критичко и размислување насочено кон решавање на проблеми. Исто така се стекнуваат со лидерски способности, емпатија, тимски дух и „оutside of the box“ размислување.
Конвенционалниот начин на учење не стимулира љубопитност и интерес кај децата а љубопитноста ја има клучната улога во стимулирање на желбата за учење и понатамошно искористување на знаењето. Овој начин на иновативно учење кое доаѓа од Израел, успешно се пренесува и имплементира во повеќе од 50 земји во светот, вклучувајќи ја и Македонија единствено преку Young Engineers Skopje Macedonia, со помош на која децата се стекнуваат со вистински вредности во подготовка за животот на иднината, по стандардите на Израел како една од водечките нации на полето на иновации на глобално ниво.
Фокусот на Young Engineers е во пренесување на знаењето и креирање на висококвалификувани и мотивирани млади луѓе и во Македонија кои ќе ја изградат нивната и нашата иднина. Нашиот слоган вели: тие ќе го изградат своето и нашето утре – денес, бидејќи веруваме дека доколку правилно ги насочиме нашите деца уште од мали и со примери им ги покажеме вистинските вредности кон кои треба да се стремат да ги реализираат, децата би можеле да го променат светот кон подобро. Да не заборавиме, иднината на општеството зависи од мудроста што денес ќе им ја пренесеме на нашите деца.
Можете ли за сите родители кои размислуваат за дополнителна едукација на своите деца, да објасните што всушност се учи во Young Engineers Macedonia? Колку програми имате?
Откако станав родител, моите одговорности станаа поголеми и најмногу размислував за тоа кои се основните вредности кон кои треба да ги насочам моите деца. Наша должност како возрасни е да им дадеме на децата личен пример. Да се однесуваме онака како што сакаме другите да се однесуваат кон нас и да се однесуваме со почит, да го оддржуваме телото во добро здравје, инаку нема да можеме да го одржиме нашиот ум силен и јасен за да ја оствариме најдобрата награда која ја дава животот а тоа се децата, нивната и нашата иднина.
Во животот постојат два основни избори: да се прифатат условите какви што се или да се прифати одговорноста за нивното менување… Со ова размислување, од 2017 година Young Engineers го донесовме и во нашата земја како прва лиценца на Балканот именувана како Young Engineers Skopje Macedonia, со која имаме пристап до најновите и најиновативните пристапи на учење, преку:
- Редовни годишни програми за деца од 5 до 15 години кои вклучуваат изучување на основни и напредни STEM (science, technology, engineering, mathematics) принципи, програмирање, роботика преку Bricks Challenge, Galileo Technic, Algo Play за кои сертификатот за завршено изучување на нивото е само мал формален доказ дека нашите деца се дел од глобално учење за кое во светот постојат голем број признанија преку кои се потврдува светската уникатност на Young Engineers e².
Оваа програма е добитник на признание од EU за совршени едукативни програми и придонес во развој на иновативно општество, добитник на награда од Британско министерство за образование, прва награда од Youth Business International, како и добитник на Гинисов рекорд.
Програмите се поддржани од iCarnegie на Универзитетот „Карнеги Мелон“ и статистички докажани од Center for Cooperation and Advancement (CCA), MASHAV Trainig Center.
Освен програми за деца имате и други програми за специфини групи!
Да, имаме програми за деца со попреченост во развој(BUILD UP Special needs- LEGO Enrichment Workshop) и програми за постари лица(Golden Age- Senior Citizens Workshops). Организираме и работилници за возрасни луѓе како team building (Adult PRO LEGO), роденденски забави (e² Birthday Parties) и кампови/STEAM работилници(e² LEGO Bricks Camps),
Пред нас е време во кое луѓето ќе се натпреваруваат со роботи и машини, а за да го надминеме предизвикот и да не бидеме заменети со автоматизирани процеси, треба да им овозможиме на децата уште од најрана возраст да се стекнат со вештини и способности неопходни за животот на 21 век, да станат висококвалификувани, паметни и креативни генијалци.
– Со оглед на тоа дека на македонскиот пазар работите веќе две години, кажете ни каков е интересот? Кои возрасни категории се најзаинтересирани за стекнување на STEM вештини?
Фактот што Young Engineers Skopje Macedonia е дел од интернационална и наградувана едукација, единствена лиценца за STEM едукација на Young Engineers во нашата земја, целосна посветеност и вклученост на вистински професионалци во процесот на пренесување на едукацијата кај децата и соработката со клучни институции од нашата и земјите надвор од нашата земја, ни допринесе родителите да ја препознаат вистинската вредност и да ни ја укажат довербата со над 250 задоволни деца за само две години.
Од аспект на заинтересираноста според возрасните категории, имаме деца и од 5 години а имаме деца и над 12 години. Благодарение на поддршката која ја имаме од централата во Израел, многу внимателно, посветено и во рамки на стандардите ги спроведуваме обуките со сите деца на тој начин што работиме по нивната методологија во процес за максимално да го поттикнеме целокупниот развој кај детето.
Од искуствата кои ги имате и во други земји, може ли да ни објасните зошто овој тип на едукација е важен во развојот на децата?
Децата не знаат каква кариера би имале во иднината и каков ќе биде изгледот на идната работна сила. Сметаме дека иновативниот пристап во учењето е најдобар начин да ги подготвиме за иднината преку развој на способности и вештини неопходни за животот на 21 век и нов начин за обработка на информации, по пример и стандарди на најиновативната нација во светот.
Овие способности ќе им користат во животот, ќе им овозможат брзо и лесно да се прилагодат кон промените на светот, ќе им овозможат развој на индивидуалниот просперитет, национален и социјален економски раст и развој на земјата.
Да се биде дел од интернационална лиценца, подразбира целосно почитување на стандардите за работа и пренесување на знаењето на најдобар можен начин преку обуки, материјали за учење и континуирано подобрување на знаењето.
По што се разликуваат програмите и едукацијата на Young Engineers Macedonia од останатите програми кои се нудат на македонскиот пазар?
Освен погоренаведената светска препознатливост на програмите, фактот што Young Engineers Skopje Macedonia е дел од интернационална и наградувана едукација, единствена лиценца за STEM едукација на Young Engineers во нашата земја, целосна посветеност и вклученост на вистински професионалци во процесот на пренесување на знаењето кај децата и соработката со клучни институции од нашата и земјите надвор од нашата земја, укажуваат на докажан квалитет на еден бренд кој дава вредност за животот преку едукација на децата, младите и старите лица преку специјално дизајниран курикулум, користење на посебни Lego® сетови, користење пристапи и методологија на спирално учење и учење засновано на решавање проблеми (PBL).
Врз основа на методот на спирално учење, нашите програми им овозможуваат на децата да ги учат основните принципи и термини, истовремено среќавајќи се со нови контексти, се подлабоко и подетално со секој нареден чекор, преку:
-Учење засновано на решавање проблем (Problem based learning – PBL),
-Учење засновано на производ (Product based learning).
Учење преку проект (Project based learning) – целиот процес, на глобално ниво и во повеќе земји од светот
Пред стартот на новата учебна година, кажете ни детали за уписите, термините и локациите?
Благодарение на најновите партнерски соработки со ФЕИТ (Факултет за електротехника и информациски технологии) и Ceed Hub Skopje, едукацијата на Young Engineers ја овозможивме на три локации низ Скопје, и тоа:
1.ФЕИТ
2.Ceed Hub Skopje
3.Ул. Истарска бр.33 (зад Олимписки базен)
Во тек сме со формирање на групи кои од октомври 2019 година ќе започнат со изучување на најновиот и револуционерен програм на Young Engineers со кое ги воведуваме децата во светот на програмирањето, роботиката и иновациите – Algo Play, додека моделите се движат, користат LED светла и сензори за интеракција со окружувањето преку 3 Модули:
✔️ Вовед во програмирање (Junior)
✔️ Програмирање со помош на сензори (Advanced)
✔️ Високо ниво на програмирање (Master)
За повеќе информации и избор на термин, повеќе на линкот: УПИСИ ЗА ГЕНЕРАЦИЈА 2019/2020.