Визијата станува реалност – Светска премиера на Volkswagen ID.3

- Advertisement -

Volkswagen го претставија пионерскиот ID.3 на Меѓународниот Автомобилски Саем (ИАА) во Франкфурт. Ова возило е симбол на новата ера за Volkswagen. ID.3 ја проширува понудата на Volkswagen како прв модел на комплетно новата генерација на електрични возила – со нула емисии, извонредна ефикасност и целосна поврзаност. Во исто време, ID.3 го отсликува ребрендирањето на Volkswagen, а исто така е и првиот модел со новото лого на Volkswagen.
„ID.3 е сеопфатен автомобил, погоден за секојдневна употреба. Тој е компактен, а како таков, нуди карактеристики на маневрирање на мал автомобил со внатрешен простор на средно возило. Тој комбинира возбудлив дизајн со иновативна технологија и значителен досег“, истакнува Силке Багшик, раководител на продажба и маркетинг за ID. семејството, вечерта пред ИАА.

ID.3 од Volkswagen отвора нова ера на мобилноста. Ова е прв модел од ID серијата на возила која се карактеризира со 0 емисии на штетни гасови, импресивна динамика на возење што е карактеристична за електричните автомобили и целосна поврзаност. Како и сите идни ID модели, ID.3 се заснова на новата модуларна матрица за електричен погон (MEB), која е дизајнирана за електричен погонски систем без компромис.
ID.3 го користи новиот дизајнерски јазик, што го прави веднаш препознатлив како возило со нулта емисии. Наменето за електричната иднина, носи ново ниво за квалитет на дизајн во категоријата на компактни возила. „Со ID.3, Volkswagen се движи кон иднината“, објаснува Клаус Бишоф, шеф на дизајн на брендот Volkswagen, и во продолжение потенцира: „Природниот стил и апсолутно интуитивно искуство за возачот демонстрираат нов, електричен начин на размислување.“
Внатрешноста е исто така револуционерна. Долгото меѓуоскино растојание на MEB платформата, во комбинација со многу кратки преклопувања, резултира со просторен ентериер на возилото. ID.3 поставува нови стандарди во компактната класа. Дигиталните, целосно ново дизајнирани елементи и контроли на дисплејот обезбедуваат дека секој возач интуитивно ќе го најде својот пат во ID.3. Покрај дисплејот во кокпитот, ново развиениот, централно позициониран, десет-инчен дисплеј на допир им ги дава на возачите сите клучни информации.

Сите контроли – вклучително и оние на електрично прилагодливиот мултифункционален управувач – се управуваат со употреба на функции на допир. Само електричните прозорци и светлата за предупредување за опасност сè уште работат со тактилни прекинувачи. Ова е дополнето со интелигентна контрола со природен говор. Благодарение на App Connect, ID.3 може да се поврзе со вашиот паметен телефон за неколку секунди.
При лансирањето, ID.3 ќе биде достапен со три опции за големина на батеријата. Основната варијанта има корисна енергетска вредност од 45 kWh и овозможува електричен досег до 330 километри (според WLTP). Потоа следува варијанта на батеријата со 58 kW, што му овозможува на ID.3 да постигне досег до 420 км (според WLTP). Енергетската содржина на најголемата батерија е 77 kWh, а нејзиниот електричен досег е до 550 километри (според WLTP). Благодарение на неговата можност за брзо полнење, можно е да се наполни ID.3 за досег од околу 290 километри (WLTP) во рок од 30 минути, користејќи излез за полнење од 100 kW.
Самите батерии се интегрирани во подвозјето. Ова позиционирање има позитивен ефект врз динамиката на возењето, бидејќи го поместува центарот на гравитација значително пониско. ID.3 се карактеризира и со оптимална дистрибуција на тежина помеѓу предната и задната оска.
 

Сподели!
- Advertisement -