Сте слушнале ли некогаш за Големата Адрија? Веројатно не. Тоа е изгубен континент со големина Гренланд кој само што беше откриен во јужниот дел на Европа. Доказите за неговото постоење беа објавени во научното списание Gondwana Research и покажуваат дека Адрија е џиновско копно кое прво се одделило од она што денес се Франција, Шпанија и Северна Африка.
За жал, поместувањето на тектоснките плочи на Земјата го повлекло континентот длабоко во земјата и Адрија исчезнал. Најголем дел од континентот бил уништен од страна на лавата во длабочините на Земјата, но она што останало за чудо е видливо и денес. Ако се потсетите што сте учеле на училиште за настанувањето на планините, ќе ви текне дека најголем дел од планинските масиви на Земјата се формирани како резултат на судрување на масивни тектонски плочи. Она што е фасцинантно е дека тектонските остатоци од Адрија ги формирале неверојатните планински масиви кои денес ги гледаме на Балканот, во Грција, во Италија и во Турција.
Прашањето е зошто им требало толку време на научнциите да го откријат континентот? Затоа што геолошката структура на Европа е исто толку сложена колку и нејзината политика. Доказите за постоењето на континентот се распространети низ 30 земји и мапирањето се покажало како навистина сложена задача. Тоа вклучувало повеќе техники за мапирање и собирање податоци по целата Евроазиска плоча. До откритието се дошло после децении истражувања на технолошките, геолошките и геофизичките податоци од целиот регион.
Научници го открија одамна изгубениот континент Голема Адрија
- Advertisement -
- Advertisement -