Париз тестира летачки такси со надеж дека ќе бидат идниот градски транспорт

- Advertisement -

Загадувањето во Париз е проблем подолго време, а јавниот транспорт во градот веќе е пренатрупан. Но, еден стартап има решенија за кое мора да ја користи реката Сена. Bubble е електрично летачки такси кое се подига од водата на своите „крила“. Таксито не прави бучава и не ја загадува околината. Чини околу 200.000 евра, а може да достигне максимална брзина од 33 км/ч.
Услугата може да стартува најрано напролет идната година, но стартапот кој ги креираше, Seabubbles, во понеделникот почна да го тестира таксито на реката Сена. Од компанијата велат дека поради регулаторните проблеми во властите на Париз се одолжил развојот на таксито, па тие морале да продолжат со развој на проектот во Швајцарија и во САД.
„Чекаме да ни одобрат комерцијална линија од исток до запад, но погледнете. Еве токму сега нема никого на реката“ изјави соосновачот Ален Тебо, кој додаде дека Франција станува како музеј каде што премногу се регулираат технолошките иновации.
Париз има една од најгустите сообраќајни мрежи во светот, каде што повеќе од 650 возови возат симултано кога е најголемата гужва. Во 2016 година во регионот на Париз биле направени 4,6 милијарди патувања со јавен транспорт. За да се бори со загадувањето Париз ги зацврсти регулативите уште во јули годинава, па ги забрани автомобилите со дизел мотори регистрирани од 2001 до 2005 година во делот на обиколницата A86. Градските власти планираат уште построги мерки до 2030 година, каде што ќе се дозволи сообраќање само на електрични и возила на водород.

Сподели!
- Advertisement -